-->
-->
Постигнат договор за нов државен ревизор
-->

Економистот Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор. Одлуката беше едногласно донесена од страна на Комисијата за избори и именувања, а Собранието треба да ја усвои на пленарна седница.
Комисијата го одби барањето за апанажа на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со образложение дека не постојат причини за прифаќање на барањето затоа што не е избрана од Собранието, туку до Советот на обвинители.
Комисијата избра и директори и членови на голем број агенции и комисии. Имер Алиу ќе биде нов директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Пламенка Бојчева ќе раководи со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации а Агим Рушити со Агенцијата за квалитет на високото образование.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
