Последната фотографија од мостот во Џенова покажува во колку лоша состојба бил, буквално се распаѓал
Фотографијата од мостот во Џенова, наводно снимена пред недела дена јасно покажува во колку лоша состојба бил пре да се урне, при што настрадаа 38 луѓе.
На фотографијата се гледа дека вијадуктот Моранди се распаѓа, а се гледаат и сајли како висат од долната страна на надвозникот.
Фотографијата ја објави еден корисник на Твитер, а покрај фотографијата напиша: „Мостот во Џенова минатата недела. Без коментар“.
Семејствата на загинатите и властите ја катастрофата ја обвинуваат приватната компанија Аутострада која ги одржува повеќето италијански автопати.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте наведе дека операторот на автопатот, компанијата Автострада, е одговорна за обезбедување на безбедноста на мостот и дека владата нема да го чека исходот од актуелната истрага за трагедијата за да преземе акции.
Компанијата денеска изрази уверување дека ќе се докаже дека ги исполнила обврските од договорот за концесија за работа на тоа место.
Владата во Рим, исто така повика на оставка на врховниот менаџмент на компанијата и порача дека ќе бара изрекување на високи казни.
Надвозникот наеднаш завчера, во текот на силно невреме се урна предизвикувајќи пропаѓање на десетина возила низ пукнатините, 50 метри под нивото на патот.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети