Последен работен ден за Спасовски и Ременски
Денешниот ден е последен работен во министерствата за министрите на СДСМ кои таму дојдоа по Договорот од Пржино. Оливер Спасовски и Фросина Ременски можат да почнат да си ги пакуваат личните работи од канцелариите во МВР и Министерството за труд, бидејќи нивниот мандат завршува на денот кога ДИК до Собранието и официјално ќе го достави Извештајот за резултатите од изборите. Заедно со нив во пакет си заминуваат и замениците во финансии, Кире Наумов, во земјоделие Љупчо Николовски и во информатичко општество Александар Кирацовски.
До изборот на нова влада нов министер во МВР ќе биде 39 годишниот Агим Нухиу од Тетово, а функцијата во Министерството за труд и социјална политика ќе ја врши Ибрахим Ибрахими.
Заедно со Оливер Спасовски заминуваат и сите началниците на Секторите за внатрешни работи, меѓу кои и кумановскиот, во чиј дом по налог на Јавното обвинителство се вршеше претрес под сомнение за учество во изборни нерегуларности. Покрај овие началници си заминуваат и сите функционери во полицијата поставени од Спасовски кои имаат решенија кои важат до завршувањето на изборите.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
