Посетителите на замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирус на лице место
Луѓето кои го посетуваат замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирус откако на оваа локација во Трансилванија е формиран центар за вакцинација.
Медицинските лица со ознаки на облеката нудат вакцинација со вакцини на Фајзер на секој што ќе го посети замокот Бран од 14 век, лоциран во централна Романија. Акцијата е дел од планот на Владата да ги мотивира Романците да се вакцинираат против коронавирус. Некои веруваат дека замокот бил инспирација за легендарниот роман на Брам Стокер наречен „Дракула“.
Во Романија, од почетокот на пандемијата се заразени нешто повеќе од милион луѓе, а регистрирани се речиси 29.000 смртни случаи.
Целта на Владата е да се вакцинираат 10 милиони луѓе до септември, но скоро половина од Романците не сакаат да примат вакцина. Сепак, постои надеж дека замокот Бран и неговата единствена иницијатива ќе го зголемат бројот на вакцинирани. Секој викенд во мај, оние кои ќе закажат вакцинација, ќе можат бесплатно да видат изложба на 52 справи за мачење.
Властите, исто така, се надеваат дека ќе се зголеми и бројот на посетители на замокот, кој е намален поради пандемијата.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата