Посебен сообраќаен режим во Крушево, Скопје и Пелинце

За непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот Илинден, МВР најави посебен собраќаен режим на Мечкин Камен во Крушево, во кумановско Пелинце и во центарот на Скопје.
Сообраќајниот режим во центарот на Скопје ќе почне денеска во 9.30 часот, од кога затворени за сообраќај ќе бидат дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ - на потегот од крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, потоа ул. „Филип Втори Македонски“ - од крстосницата пред хотелот „Холидеј Ин“ до Градска болница, како и ул. „Даме Груев“ - на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до Собранието на Република Македонија.
Согласно мерките на СВР Битола, во Крушево посебниот сообраќаен режим почна вчера. Од 18 часот до полноќ беше забранет сообраќајот за сите видови возила по главната сообраќајница во градот - од влезот на Крушево, место викано Стара бензинска, до крстосницата „Тагас“. Возилата се движеа заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен-куќата на Тодор Проески и месноста Гумење.
Во Крушево денеска ќе биде забранет сообраќајот по главната сообраќајница во периодот од 9 до 11 часот, а од 10 до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од местото викано Бензинска пумпа до месноста Мечкин Камен.
Забраната за сообраќај за трактори, земјоделски машини и запрежни возила важи за 1-ви и 2 август од 00.00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп - Крушево и Демир Хисар – Крушево, а денеска ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. Исто така, во двата дена (1-ви и 2 август) е забрането паркирање патнички и товарни моторни возила по главната сообраќајница во градот.
Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан денеска во 11 часот. МВР апелираше до граѓаните кои планираат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10 часот, бидејќи поради присуство на ВИП-гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Куманово и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
