Македонија
17. February 2026 - 9:42

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска со почеток од 11 часот, ќе одржи протест пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски. Поради одржувањето на протестот, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Единицата за безбедност на патниот сообраќај од тие причини ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје, информираа од МВР.

Од МВР апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. 

МИА