Порторико: Демонстранти го опколиле гувернерот во резиденцијата
Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело се наоѓа под опсада во шпанската колонијална тврдина во Сан Хуан, која служи како негова резиденција.
Пред Ла Фроталесе (Тврдина) изминатава недела се собраа славни личности, мотоциклисти, коњаници и илјадници други Порториканци, барајќи од Росело да поднесе оставка поради низата протечени пораки во кои навредувал жени, политички противници, па дури и жртви на ураганот „Марија“.
Новите протести почнаа вчера попладне, кога работници предводени од синдикатите организирале марш до Тврдината. Им се придружиле коњаниците, а потоа и стотина други луѓе од целиот град. Најавени се и други настани низ островот, а в понеделник се очекува голем протест во Сан Хуан.
Росело, кој држеше три до четири прес-конференции неделно, значително го намали своето појавување во јавност, што ја доведе во прашање неговата иднина. Откако на 11 јули го прекина семејниот одмор во Франција и се врати во Порторико за да се соочи со движењето кое бара негова смена од власт, тој во јавноста се појавил само четири пати и тоа во строго контролирани услови.
Во пораките на апликацијата „Телеграм“, Росело упатил низа навреди на сметка на жените, му се потсмевал на човек со вишок килограми чија слика ја поставил, упатувал вулгарни коментари во врска со сексуалната определба на порториканскиот пејач Рики Мартин. Поставувал серија емотикони со подигнат среден прст, наменети за Сојузниот контролен одбор кој ги надгледува финансиите на Порторико.
Ново на Сител
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух