-->
-->
Пороен дожд, грмежи и град - Невреме во кривопаланечко
-->

Во попланевните часови во кривопаланечкото подрачје денеска имаше краткотрајно невреме.
За време од четири минути го зафати пороен дожд, грмежи и град со големина од 1 см придружен со силен ветер со брзина околу 65 километри на час.
Како што соопшти УХМР, до 17 часот во тоа подрачје измерени се 16 литри воден талог на метар квадратен.
До крајот на денот локално ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
