Порно актерката жестоко го обвинува Трамп: Нема да застане додека вистината излезе на виделина
Порно актерката Сторми Даниелс му порача на личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен , дека нема да запре додека не се открие вистината.
„Моите адвокати и јас сме посветени сите да ја дознаат вистината и фактите за она што се случи и нема да престанам додека тоа не се случо“, рече Даниелс.
Таа со Коен со бори околу договорот за неоткривање на фактите, кој го потпишала за 130.000 долари, за да не зборува за наводната афера со Трамп.
Трамп таа афера ја демантираше.
Таа беше во судот, во публика, на рочиштето на кое американски федерален судија го разгледувал начинот за да се ревидира материјалот кој ФБИ го запленил, лично од Трамп, за да се утврди дали тој материјал требало да биде заштитен.
Даниелс на судењето била со својот адвокат, Мајкл Авенати, кој на новинарите им рече дека дошле на судењето за да го осигураат интегритетот на запленетите документи, зотшо се верува дека некои од документите се однесуваат на актерката.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи