Поранешниот еврокомесар Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција
Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција. Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец“ околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот на пратениците и сенаторите на конзервативата партија „Републиканци“ во Националното собрание, на кои од крајот на март над глава им стојат мношто идеи за различни политички прашања.
Барние е четвртиот политичар на десницата, кој ре реши да му се спротивстави на актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следната година.
-Многу е важно да се обединат десницата и центарот. Под контрола да ја ставиме имиграцијата, да ја вратиме почитта кон работата во срцето на нашето општество и да се декарбонизира нашата економија, рече поранешниот еврокомесар Мишел Барние, кој се смета за еден од најспособните политички фигури на десницата – проевропееци бранителот на Франција во Европа.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево