Поранешни романски лидери може да бидат гонети за злосторства против човештвото

Романскиот јавен обвинител побара поранешниот претседател на Романија, Јон Илиеску, екс-премиерот Петре Роман и некогашниот вицепремиер Гелу Волкан Војкулеску да бидат кривично гонети за злосторства против човештвото и за нивната улога во крвавата антикомунистичка револуција во 1989 година.
Јавниот обвинител Аугустин Лазар упати барање до шефот на државата Клаус Јоханис да одобри кривично гонење на поранешните функционери. За нивно гонење неопходно е одобрение од претседателот на Романија, бидејќи тие биле функционери во времето кога биле извршени злосторствата.
Роман ваквиот чекор го оквалификува како „апсурден“.
Илиеску, Роман и Војкулеску го основаа Фронтот за национален спас во време кога тогашниот комунистички лидер Николае Чаушеску беше симнат од власт на 22 декември 1989 и егзекутиран три дена подоцна. Обвинителот ги товари тројцата поранешни лидери дека се одговорни за насилствата при антивладините протести во време на владеењето на Фронтот, во кои загинаа 1.104 лица, а над 2.500 беа повредени.
Истрагата за „револуционерната 1989“ година е една од најдолгите и најконтроверзните во романската историја.
Во ноември 2016 година, воените обвинители соопштија дека по четвртипат ја отвораат истрагата за наводни злосторства против човештвото извршени за време на бунтот во 1989 година, што доведе до паѓање на режимот на Чаушеску во земјата.
Во декември 2017 година, воениот обвинител Маријан Лазар објави дека иследниците откриле доказ дека бунтот било оркестриран и дека високи воени офицери се обиделе да ги убијат Чаушеску и неговата сопруга Елена, најмалку трипати пред да бидат судени и погубени на 25 декември 1989 година.
Во јуни 2017 година, воени обвинители на Врховниот суд ги обвинија Илиеску, Роман и Војкулеску за злосторства против човештвото за нивната улога во насилствата во 1990 година, во кои загинаа најмалку четири лица, а повеќе од 700 беа повредени во Букурешт. Тие се обвинети за насилно задушување на протестите на опозицијата на Универзитетскиот плоштад во Букурешт од 13 до 15 јуни 1990 година. Судењето е во тек.
Ново на Сител
-

Трамп: Мачадо следната недела ќе дојде во Вашингтон
-

Славески: Инфлацијата ќе се движи по патека на надолно приспособување и ќе има натамошен економски раст со солидно закрепнување
-

ЦУК: Поради поплавите предизвикани од поројните дождови, во Кочанско и Охридско се интервенира со механизација
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, -11 степени
-

Јанчев: Зимската служба до доцна вечерта обезбедуваше услови за побезбеден сообраќај
-

Триумф на македонските ракометари во дуелот со Бахреин
-

Две лица ранети од припадник на американската служба за имиграција ICE во Портланд
-

Масовни протести во Иран, се палат владини згради, поддршка од синот на соборениот шах Реза Пахлави
