-->
-->
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ограбена во продавница
-->
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во четвртокот била жртва на крадец додека купувала намирници во продавница во Берлин. Во таа прилика и бил украден паричникот, иако била придружувана од личното обезбедување.
Паричникот на Меркел бил во торба која била закачена на количка за пазарење, пишува германски Билд, а пренесува Политико.
Берлинската полиција потврдила дека инцидентот се случил во четвртокот околу 11.40 часот. Како што се наведува, Меркел не повикала полиција од продавницата, туку отишла во блиската полициска станица да го пријави инцидентот.
Телохранителот на поранешната канцеларка, кој ја придружувал до продавницата, не успеал да ја спречи кражбата.
Меркел, која се повлече од политиката минатиот декември, е позната по тоа што и самата купува намирници, а нејзиниот избор на производи повремено е тема во медиумите, како на пример кога беше забележана како купува неколку шишиња вино за време на првиот локдаун во Германија во 2020 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
