-->
-->
Поранешен полицаец осуден на над 200 години затвор за силување афроамерикански жени
-->
Поранешен полицаец белец беше осуден на 263 години затвор за силување на афроамерикански жени, јави ТАСС.
Пресудата беше издадена од судот во централната држава Оклахома.
Процесот против Даниел Холцклоу, што почна во ноември, привлече широко медиумско внимание, на прво место поради расниот контекст.
Поранешниот полицаец подложил на сексуално насилство вкупно 13 жени, сите афроамериканки.
Според властите полицаецот од Оклахома сити сексуално ги злоставувал жените, кои сите имале проблеми со законот, заплашувајќи ги дека во спротивен случај повторно ќе бидат судени.
Холцклоу бил отпуштен од полицијата во јануари минатата година, откако му биле покренати обвиненијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини