Поради врнежите можно излевање на помалите реки и слевање вода во урбаните средини
И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР.
-Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР.
Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.
-Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР.
Ново на Сител
-
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
-
Трамп: Го повикувам Иран на преговори пред да биде предоцна
-
Влада: Обезбедени 50 милиони денари за нови средношколци во дуално образование
-
Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад
-
Заедничка изјава на Г7: Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје
-
Трамп повикува на евакуација на Техеран, конфликтот меѓу Израел и Иран влегува во петтиот ден
-
По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион
-
Продолжува работната посета на Сиљановска-Давкова во Тирана