Поради „Најк“, ЛеБрон ќе продолжи да го носи бр. 23
Леброн Џејмс сепак ќе продолжи да игра со бр.23 за Лос Анџелес Лејкерс, иако јавно ја изјави својата намера да го отстапи на новата ѕвезда на тимот, Ентони Дејвис. Желбата на Џејмс била осуетена од производителите на официјалната опрема на НБА – „Најк“ кои истакнале дека ваквиот потег ќе доведе до проблеми со производството, а исто така и до сериозни финансиски загуби.
Се очекуваше Дејвис да го земе бр.23, а Џејмс да се врати на бр.6, кој го носеше за време на престојот во Мајами, како и при учества на меѓународни натпревари со националниот тим на САД. Се уште нема јасност кој број ќе го избере Дејвис при ново создадената ситуација.
Во скоро целата кариера досега Еј Ди играл претежно со бр.23 – гимназија, колеџ и НБА. Исклучок беше направен само за натпреварите на националниот тим.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости