Поради гласно ждригање заработил казна од 70 евра
Дека гласното ждригање на јавно место се казнува во Австрија, се увери еден виенски угостител, кој поради тоа заработи казна во износ од 70 евра.
Тој на својот Фејсбук профил се пожалил дека бил казнет затоа што гласно ждригал на станицата Пратерштерн, а на негова несреќа во близина се наоѓал полицаец кој го слушнал и оценил дека се работи за прекршување на Параграфот 1 од безбедносниот закон на покраината Виена.
- Вие на 7 февруари во 17:15 часот во вториот виенски округ Пратершерн го прекршивте Законот, односно јавниот ред, со гласно ждригање во близина на полицаец, се наведува во образложението на одлуката за казна што ја добил на домашна адреса.
Во продолжение на објавата на Фејсбук во кој се обидел да се оправда, Виенчанецот пишува дека јадел ќебапи со кромид и потоа „изгубил контрола“ над себе и ждригнал.
Според него, на 20 метри од „местото на злосторството“ тој почувствувал рака на неговото рамо, а кога се свртел видел полицаец кој му соопшти дека ќе поднесе пријава против него поради крешење на јавниот ред.
Тој прво мислел дека полицаецот се шегува и преку социјалните мрежи и порачал на полицијата: „Ви благодарам што се грижите нашиот крај да биде безбеден“. Но, кога ја добил казната заклучил дека „ѓаволот ја однел шегата“.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга