Поради Брегзит, рекорден број Британци добија германско државјанство
Во Германија, бројот на лица примени во книгата на германски државјани се зголеми за 15 проценти минатата година, најмногу благодарение на британските граѓани кои земаат и германско државјанство поради Брегзит, соопшти денеска германското Федерално биро за статистика.
„Во 2019 година, 128.900 германски граѓани и со странско потекло добија германско државјанство, најголем број од 2003 година“, соопшти германското Федерално биро за статистика во Визбаден. Од нив, 14.600 нови државјанства отпаѓаат на граѓани на Велика Британија.
Порастот на барањата за германско државјанство кај британските граѓани почна нагло да расте во 2016 година во годината на референдумот за Брегзит. Во 2015 година, година пред референдумот, само 600 Британци аплицирале за германско државјанство.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден