Попладне и утре зголемен број автобуси на линијата 60

Во пресрет на верскиот празник Успение на пресвета Богородица (Голема Богородица), денеска од 17:30 до 23:30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси на автобуската линија со број 60 (Транспортен центар – Матка). Зголемен број автобуси на линијата 60 ќе има и утре, од 7 до 18 часот.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, поголема фреквенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на пресвета Богородица“ во Матка.
Автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат три билетарници, кај Транспортен центар и кај Зелено пазарче со работно време од 7 до 19.30 часот и во Ѓорче Петров, со работно време од 7 до 13 часот.
Ново на Сител
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
