Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток

Судот во Буенос Аирес денеска го поништи судењето за вината на медицинскиот тим што се грижеше за здравјето на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во ноември 2020 година.
Судењето е поништено откако еден од тројцата судии во случајот поднесе оставка како последица на критики во јавноста поради негово учество во документарен филм за случајот.
Судот имаше опција или да избере нов судија или да го поништи тековниот тек на судењето, а се одлучи за второто.
Меѓу седумте обвинети се личниот лекар на Марадона, неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Анхел Дијаз, докторката Ненси Едит Форлини, клиничкиот лекар Пабло Ди Спања и медицинските сестри на кои им се суди за убиство од небрежност.
Доколку бидат прогласени за виновни, би можеле да добијат затворски казни од осум до 25 години.
На осмиот обвинет, медицинската сестра Дахијана Мадрид, треба да ѝ биде судено одделно во јули оваа година.
Марадона почина во ноември 2020 година, во својот дом, од срцев удар. Аргентиндката фудбалска легенда почина на 60-годишна возраст, додека се закрепнуваше од операција за отстранување на згрутчување на крвта, која му беше извршена неколку денови претходно.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
