Поништено одобрение за градба на куќа до заштитениот јавор во Велес

Општина Велес го поништи одобрението за градба на куќа на приватен инвеститор веднаш до законски заштитениот јавор во месноста Варналиите во стариот дел на Велес.
Одлуката слеид по реакциите на жителите од месноста Варналии, во стариот дел од градот каде се наоѓаат петте заштитени како културно наследство куќи и јаворот што е еден од десетте повеќевековни заштитени со закон јавори во Велес.
Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција појасни дека одлучил да ги послуша граѓаните и да го спаси јаворот.
Тој информира дека грешката не е нивна, туку на Геодетската управа и појасни дека била земена погрешна геодетска подлога, а која не одговара на реалноста на теренот, бидејќи за да се изгради куќата ќе треба да се сече дел од јаворот.
Како што дознаваме, инвеститорот на куќата веќе започнал постапка на тужба по одлуката на Општина Велес.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
