Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
Нема пакт со Груби, ниту со било кој друг функционер од ДУИ, за поранешниот вицепремиер да добие поблаги мерки и наместо во истражниот затвор Шутка да биде во домашен притвор.
Премиерот Мицкоски во гостување на Сител вели дека МВР и АНБ имале безбедносни информации поради кои е препорачано до обвинителството и судот Груби да не биде во затворски притвор.
По вчерашните обвинување на лидерот на СДСМ, Филипче, дека постои политички договор на власта со ДУИ, и секој кој нешто направил треба да одговара, Мицкоски со порака - СДСМ се исплашени од тоа што ќе следи.
По поднесената тужба за клевета од страна на екс лидерот на СДСМ Заев против пратеникот од ВМРО Петрушев и Жан Митев, кои обвинија дека Заев и Филипче сакале да му ја земат клиниката- Мицкоски побара од новиот јавен обвинител, кога ќе биде избран, прва задача да му биде да го повикаат Жан Митрев да даде изјава.
Премиерот Мицксоски најави дека за скоро очекува многу позитивни вести од Соединетите Американски Држави, кои би се однесувале за евентулано укинување на визите. Детали кога би се случило тоа, не сакаше да открие.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
