Поништена хипотеката на имотот на рудниците „Злетово и Тораница“

Апелацискиот суд во Штип ја потврдил одлуката на првостепениот суд, односно на Основен суд –Штип за побивање на хипотеката на објектите на рудниците за олово-цинкова руда „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка, информираше денеска раководството на синдикатот на двата рудници.
Поранешниот концесионер на рудниците индиската фирма „Индо минерали и метали“ под хипотека го стави имотот на рудниците минатата година, односно 10 месеци пред да се прогласи стечајот. Откако договорот за концесија беше раскинат, по пат на јавна електронска лицитација концесијата за двата рудници ја презеде бугарската компанија „Минстрој“. Но, поради правните пречки оваа компанија не можеше да влезе во објектите и да го почне процесот за рестартирање на рудниците. Претставници на „Минстрој“ веќе еден месец се во Пробиштип и ги прават плановите и активностите за да се почне експлоатацијата на олово-цинкова руда, со што околу 1.000 рудари од Пробиштип и Крива Паланка ќе се вратат на своите работни места.
Претседателот на синдикалната организација на рудникот „Злетово“, Тодос Гацовски вели дека денешната вест која пристигна од штипска Апелација оти е побиена хипотеката на објектите за рударите е позитивна.
- За нас како рудари, оваа вест значи многу. Тоа значи дека нашата голгота денеска завршува. Законскиот рок дали за 15 или 10 дена, газдата „Минстрој“ ќе почне со експлоатација на рудниците, ќе повика една група луѓе кои мора да го оспособат рудникот за работа, што е предвидено со Законот за безбедност и здравје при работа. Ходниците треба да бидат оспособени за експлоатација, вели Гацовски.
Рударите согласно договореното во Владата и со бугарската компанија „Минстрој“ очекуваат сите да бидат повикани на работа, откако ќе се создадат услови за да се влезе во јамите.
- Со оваа позитивна вест и откако ќе се предаде имотот на „Минстрој“ прво по законот треба да се платат заостанатите плати на работниците. Ние имаме три неисплатени плати, рече Гацовски.
Рударите се информирани дека новиот концесионер веќе има и порачано нова опрема и машини за експлоатација на рудата во јамите
Ново на Сител
-

Служба за Брза помош од внатрешноста без основни лекови - Двајца директори на клиники незаконски си зголемиле плати
-

СДСМ: Дали власта внесува сомнителен капитал во Македонија?
-

Реакции по предлогот полициски инспектор да стане член на Судски совет
-

На пола милион граѓани во Македонија годинава им бил побаран поткуп, а 448 илјади дале мито
-

Во голема акција разбиена група која организирала нелегално коцкање во Скопје - Осомничени 8 лица
-

ДДВ-то од 18% за малите пратки од Тему и Али Експрес е вклучено во цената која ја плаќаат граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
