Помош за поплавените од Словачка и Холандија

Донации од Република Словачка и Република Холандија за настраданите во поплавите во скопскиот и тетовскиот регион денеска и беа предадени на Дирекцијата за заштита и спасување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу, посочи дека донацијата се состои повеќе од материјално техничка опрема, средства за дезинфекција и хигиенски пакети.
Тој изрази благодарност на Република Словачка и на Кралството Холандија за помошта што ја донираат за справување со поплавите и се што прават за нашата држава.
Словачкиот амбасадор Мартин Безак рече дека помошта е во вредност од 63.000 евра и се состои од пакети за лична хигиена, средства за дезинфекција, како и пумпи, мантили за дожд и вреќи за спиење.
Вршителот на должноста амбасадор на Кралството Холандија Андри ван Менс рече дека ништо не може да ја надомести човечката штета направена од поплавите и изрази надеж дека медицинската помош во вредност од 500.000 евра ќе придонесе за надминување на последиците.
Посочи дека денеска е меѓународен ден на хуманитарна помош, а Скопје изминатата недела навистина е меѓународен град на солидарноста и тоа го докажуваат сите луѓе и организации кои деноноќно работат за расчистување и обнова на областите зафатени од поплавите.
Помошта е одговор на барањето за помош испратено од македонската Влада во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.
На новинарско прашање до кога ќе трае кризниот период, директорот на ДЗС, рече дека кризниот период трае 15 дена и посочи дека екипите и механизацијата кои се на терен потврдуваат дека работата во најголем дел е завршена.
- Во текот на денешниот ден поголем дел од машините и механизацијата ангажирана преку ДЗС ќе биде повлечена. Ќе останеме на оние места каде има потреба локланото население со одреден број на градежни машини, рече Салиу.
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
