Полски обвинител тврди дека Русија „намерно“ го соборила авионот со претседателот Качински
Полскиот државен обвинител Марек Кучински ја обвини денеска Русија дека во 2010 година, „намерно“ го соборила авионот со тогашниот претседател на Полска, Лех Качински.
Авионот „ТУ-154“ на полското воено воздухопловство, се урна во април 2010 година, во близината на рускиот град Смоленск, во текот на постапката за слетување.
Сите 96 лица во авионот загинаа, а меѓу нив и претседателот Качински, како и началнаикот на Генералшабот на полската армија и претседателот на полската централна банка.
Во текот на долгата и обемна истрага, не беше откриена техничка грешка кај авионот, па истрагата за падот го обвини екипажот, за кој се рече дека не се придржувал на сите делови од постапката за слетување.
Во 2015 година, по изборите на кои победи партијата Право и правдина, чиј лидер е братот близнак на загинатиот претседател, Јарослав Качински, новата влада наложи нова истрага.
На крајот од оваа истрага, обвинителот Качински соопшти дека открил оти двајца Руси од контролата на летањето и уште едно „трето лице“ во контролната кула, „намерно придонеле“ за авионската катастрофа.
На денешната прес-конференција, обвинителот побара Полска да ги испитува сите тројца „осомничени“ Руси, но соопшти дека нема да се даваат други детали за спроведената истрага.
Официјална Москва веднаш реагираше со отфрлување на сите вакви обвинувања од Варшава.
Две посебни истрага, една полска и друга руска, пред седум години, водеа одвоени испитувања за причините за падот на авионот.
Двете се согласија дека вината треба да се бара во неснаоѓањето на двајцата пилоти, иако полската истрага тврдеше дека руската контрола на летањето „давала конфузни и неточни информации“ но тогаш не беше обвинета Русија за падот на авионот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор