Полската полиција употреби физичка сила ја отстрани блокадата на Парламентот
Полската полиција рано утрово, употребувајќи сила, ја отстрани повеќечасовната блокада на излезот од Парламентот, која беше поставена од демонстрантите поради несогласување со владејачката партија бидејќи, според нив, го прекршила Уставот и незаконски го усвоила буџетот за следната година.
Лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински го напушти Парламентот рано утрово откако полицијата употреби сила за демонстрантите да го одблокираат излезот од зградата.
Усвојувањето на буџетот предизвика најголеми политички тензии по долги години во Полска и најдраматично ескалирање на судири меѓу опозицијата и власта од октомври 2005 година.
- Право и правда ја премина границата и ништо веќе нема да биде исто, им изјави на новинарите пред Парламентот Томаш Симоњак, потпретседател на најголемата опозициска партија Граѓанска платформа.
Опозицискиот пратеник Јержи Мејштовиќ тврди дека полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, кои се обиделе да го спречат движењето на автомобилите во кои се наоѓале Качински и премиерката Беата Шидло. Полицијата ги негира ваквите изјави, но потврди дека употребила физичка сила, додавајќи дека собирањето пред Парламентот од полноќ било прогласено за незоконско.
Полската опозиција ја обвинува владејачката партија за кршење на Уставот откако претседателот на Парламентот Марек Кучински побарал клучното гласање за буџетот да се одржи пред главната сала и им забранил на медиумите да го снимаат гласањето.
- Седницата беше незаконска и крај. Ова е уставна криза, нагласи лидерот на Граѓанската платформа, Гжегож Схетина.
Ново на Сител
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Промовирана новата генерација полициски службеници
-
Претрес во Штип, пронајдена дрога