„Политико“: Црна Гора ќе биде тест за односите помеѓу Трамп и Путин
Советникот на американскиот претседател на национална безбедност Мајкл Флин, ќе му препорача на Доналд Трамп да го поддржи приемот на Црна Гора во НАТО и покрај противењето на Русија, пишува порталот „Политико".
- Другите членки на НАТО и американскиот Сенат го поддржуваат членството на земјата со 650.000 жители, што некогаш беше дел од Југославија, во НАТО. Решението за овој проблем ќе биде најголемиот тест за политиката на новата американска Администрација кон Москва, која пак, секое проширување на Алијансата кон Исток го смета за провокација, стои во написот.
Во статијата исто така се споменува дека црногорските лидери го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за предизвикување нестабилност во нивната земја.
- Она што Русија го направи во Црна Гора, е единствен таков случај. Ниту една друга земја канидидатка за членство во НАТО никогаш не се соочи со толку тежок напад или закана при процесот за прием во НАТО, изјави за порталот експертот од вашингтонската тинк-тенк организација „Атлантски совет", Хорхе Бенитез.
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО