-->
-->
Полициски службеници во Кочани даруваа крв
-->

Во просториите на Полициската станица во Кочани се спроведе првата крводарителска акција годинава. Во соработка со Кабинетот за трансфузиологија и Црвениот крст на Кочани, и полициските службеници од Кочани се вклучија во акцијата за дарување крв.
- Ова е прва акција за годинава. На повикот за доброволно дарување крв се пријавија 35 полициски службеници, а крв даруваа 24. Соработката со Министерството за здравство ќе продолжи и годинава, за што веќе подготвивме и акциона програма за реализирање акции за крводарување, изјави Санде Спиров, полициски службеник од Полициската станица во Кочани.
Тој додаде дека според програмата, наредната акција за крводарување во Полициската станица во Кочани ќе биде спроведена во јуни, а до крајот на годината ќе бидат организирани уште две крводарителски акции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
