-->
-->
Полициски службеници спасија девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка
-->
Денеска (9 јануари) во 10 часот и 30 минути, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.
Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од "Елем Турс' веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон.Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
-

3 Мај – Без слободни медиуми нема демократија
-

Зголемен број на прегледи во дежурниот педијатриски пункт во Поликлиниката „Бит пазар”
-

Од конфликтот на Блискиот Исток до македонските пумпи: Колку поскапеа горивата?
-

Заштеди и до 50% при транспортот очекува прилепското стопанство ако се воведе железничкиот карго сообраќај
