Полицијата во Вашингтон ќе покрене обвиненија против 12 телохранители на Ердоган

Полицијата во Вашингтон планира да подигне обвинение против 12 лица од обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои учествуваа во тепачка за време на посетата на Ердоган во главниот град на САД во минатиот месец.
Градоначалникот на Вашингтон и шефот на полицијата ќе дадат изјава за тоа денеска на прес-конференција.
Американската полиција ќе подигне тешки обвиненија против седум лица од обезбедувањето на Едоган, а против петмина ќе бидат подигнати полсени обвинувања.
Обезбедувањето се врати во Турција заедно со претседателот и тие може да бидат уапсени ако повторно влезат во САД.
За време на немирите полицијата во Вашингтон приведе две лица од обезбедувањето на Ердоган, но подоцна ги ослободи.
Полицијата го утврди идентитетот на 34 од 42 лица, кои учествуваа во немирите.
На 16 мај пред резиденцијата на рускиот амбсадор во САД каде тогаш беше Ердоган, почнаа судири меѓу поддржувачи и противници на властите во Анкара. Во судирите беа повредени девет луѓе од кои двајца тешко.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
