Полицијата презентираше ново техничко средство за принудно запирање моторни возила
Припадниците на кумановската полиција денеска на полигонот во Куманово, изведоа показна вежба на која го презентираа новото техничко средство за принудно запирање моторни возила - Стингер.
Вежбата ја изведоа обучени припадници на сообраќајната полиција од СВР Куманово кои на практичен начин пред преставниците на медиумите и останатите припадници на СВР Куманово, покажаа како се запира возило, која е процедурата при повлекување на стингерот...
По демонстрацијата можеше да се забележат дупнати пневматици на возилото кое принудно беше сопрено.
- Оваа опрема е во согласност со законските рамки и е безбедна за оној кој се запира. Обуката е извршена во координација со МВР, а изведена на полигонот во Куманово од страна на стручни лица, изјави командирот на полициската станица за безбедност на патниот сообраќај - Куманово, Драган Јовановски.
Со новиот систем за принудно запирање се избегнуваат евентуални несакани последици во смисла на превртување на возилото, со тоа и избегнување на повредување на лица кои се превезуваат во возилото. Дури и при брзина од 150 км. на час, исклучена е можноста за превртување на возилото.
Ново на Сител
-
Првата антикорупционерка Димитровска денеска ќе поднесе оставка
-
САД ја осудија објавата на Макрон за признавање на палестинска држава
-
Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес
-
Тајланд и Камбоџа разменија оган во близина на спорната граница
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Гази Баба и Кисела Вода
-
Макрон потврди дека Франција ќе ја признае Палестина како држава
-
Сончево и многу топло со температура до 43 степени
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари