Полицијата покрена обвинение за тероризам против 16-годишно девојче

Британската полиција покрена обвинение против 16-годишно девојче од Манчестер за вклученост во подготовка на терористички акт од страна на радикални исламисти, јави ТАСС.
Осомниченото девојче, чие име не се соопштува, треба да се јави на 22 јули пред суд во Лондон. Истражните активности против девојчето почнаа на 3 април, откако полицијата изврши претрес во нејзиниот дом во манчестерскиот кварт Лонгсајт, каде живее голема заедница имигранти од Пакистан и Бангладеш.
При претресот се откриени материјали што може да бидат употребени за подготовка на терористички акт.
Девојчето било откриено во рамки на полициска истрага против 14-годишно момче од Блекбурн, што беше уапсено на 3 април под сомнение за поттикнување на извршување на терористички напади.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
