Полицијата и УЈП упаднаа во локалите во Центар: Летаа казни, им се заканува затворање
Општина Центар во заедничка акција со УЈП, МВР, СВР Скопје, Градски паркинг и Јавното претпријатие паркинзи на општина Центар синоќа извршиле контрола на 20 угостителски објекти во Дебар Маало, на улиците „Македонија“, „Пролет“ и во други делови на локалната самоуправа.
За овие локали, како што информира општина Центар, граѓаните се жалеа дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање на возила на недозволени места.
- На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени. Непрописно паркираните возила веднаш беа отстранети од ЈП ПОЦ и Градски паркинг, соопшти општина Центар.
Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ изјави дека е воспоставена целосна координација со сите институции и нема да се толерира незаконско работење на територија на општината. Во следниот период, како што информира општина Центар, со правосилни решенија ќе се пристапи кон отстранување на дивите и незаконски поставените тераси и ќе има зачестени контроли.
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона