-->
-->
Полицајци му дале знак да застане, а тој се обидел да избега - го фатиле со мигранти
-->
Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ вчера во 18.50 часот на регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на с.Градец го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.
- Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дојави за бомби во 12 средни училишта и во МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол
-
Почина пациент со цистична фиброза, АЦФ вели лекот го бара од 2020 година
-
Мицкоски за случајот Пендиков: Софија го исполитизира случајот за поен плус во предизборната кампања
-
Над 11.200 загинати во земјотресот во Турција и во Сирија
-
Од полноќ намалување на дизелот
-
Пожарникари од Куманово заминуваат за Турција за помош и поддршка на загрозеното население
-
Приведено лице во Радовиш за доиздржување затворска казна
-
И натаму ниски утрински температури, дневните во пораст