Македонија
24. October 2022 - 16:48

Полицаец се повредил при извршување на работни активности

Полицаец се повредил при извршување на работни активности

- На 23.10.2022 во 22.40 часот во Полициска станица Блаце е пријавено дека при извршување на работни активности се повредил еден полициски службеник, информира МВР.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му била констатирана тешка телесна повреда.