Полицаец нападнал заменик командир во Струмица
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против НД.(41) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, соопштија денеска од струмичката полиција.
Имено, пријавениот вработен како полицаец во Полициска станица од општа надлежнст во Струмица од заменик командирот усно побарал да добие слободен ден на 20. септември, по што му било укажано да достави писмено барање. Н.Д. преку командирот на полициската станица доставил барање на што од страна на заменик командирот било нагласено дека распоредот се изготвува најдоцна до 12 часот и во иднина барањата за слободен ден да се доставуват навремено, заради планирање на службите на Станицата. - Пријавениот Н.Д. во канцеларијата на заменик командирот започнал на висок тон да се обраќа кон него и во еден момент го удрил во пределот на вратот, стои во соопштението на СВР Струмица.
Секторот за внатрешни работи Струмица против пријавениот, како вработен во ПС ОН Струмица, ќе покрене постапка за дисциплинска одговорност.
Ново на Сител
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба