Полицаец испукал 5 куршуми во воздух па избегал
На 19.07.2020 во 01:10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Подоцна од полициски службеници Т.Т. бил лишен од слобода, а кај него и во патничко моторно возило„Пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ кал.9мм, една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми кал.9мм, една рамка со 30 куршуми кал.7,62мм и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури кал.9мм за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.
За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
