ПОЛДАРК
Ова лето проследете ги последните сезони од историската романса која за миг ќе нѐ однесе со мислите во едно дамнешно време. Во време каде честа се бранела поинаку, а борбата за љубов, рамноправност и правда ги рушела сите општествени догми. Британска ТВ серија базирана според бестселерот на Винстон Греам која плени со првокласна костимографија и живописни локации крај британското крајбрежје. Добитничка е на наградата БАФТА за најдобра серија од страна на британската публика, како и награда за најдобар перформанс на Националните телевизиски награди.
Дејството се одвива во доцниот 18-ти век кога Рос Полдарк по долги 3 години војување во американската револуција, се врати во своето родно гратче во Англија. Неговото враќање беше големо изненадување за сите бидејќи сите негови блиски мислеа дека тој е одамна мртов. Рос веруваше дека ќе се врати на стариот живот, но изгледа дека три години е доволно време за работите целосно да се изменат.
Во новите продолженија, Рос и пријателите се впуштаат во нови експедиции во обид да им помогнат на обесправените селани и пријатели, а Џорџ ќе се обидува политички да се воздигне себеси и да ги поттисне чесните намери на нашиот херој Рос Полдарк. Рос и Демелза ќе се обидуваат да го заборават минатото и да го обноват својот брак, но некои нови ликови ќе го загрозат нивното кревко помирување и ќе донесат неочекувани неверства и измами. Нови авантури и борба за правда во новите продолженија на епската приказна за Рос Полдарк.
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
