Пол Мекартни најави нов албум во декември
Познатиот британски музичар Пол Мекартни на 11 декември годинава ќе го издаде својот албум „McCartney III“. Се работи за нова колекција песни напишани, отсвирени и продуцирани од поранешниот член на „Битлс“, точно половина век по неговиот прв соло-албум.
Новиот албум е издаден од „Капитол рекордс“, а снимен во Сасекс, на југот на Англија. Како и другите два албума со слично име, „McCartney“ од 1970. и „McCartney II“ од 1980 година, сега веќе 78-годишниот музичар и овој го сработи сам.
– Живеев „заклучен“ на мојата фарма со моето семејство и одев во студиото секој ден. Морав да работам на филмска музика, и така настана првата песна. Кога ја завршив, се прашував што натаму, изјави Мекартни за „Ролингстоун“.
Потоа, како што вели, се вратил на полудовршените секвенци што ги создавал со текот на годините.
– Секој ден го почнував со снимање на инструментот на којшто сум ја напишал песната и постепено правев нови слоеви… Беше многу забавно. Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел. Правев работи што сакам да ги правам и не знаев дека тоа ќе заврши како албум, вели тој.
Пол Мекартни го објави својот претходен албум „Egypt Station“ 2018 година, а неговата последна турнеја се случи минатата година.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство