Поинтензивни врнежи од снег во текот на ноќта
Врнежи од снег вечерва има речиси насекаде во земјава со слаб до умерен интензитет. Од УХМР најавуваат дека во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на повеќе места ќе бидат интензивни, формирајќи снежна покривка на планините од над 50 сантиметри, а на пониските места од 10 до 20 сантиметри.
Најмногу снег има 39 сантиметри Лазарополе и Пожаране, 12 Скопје-Зајчев Рид, 15 Ѓуриште, 10 Крушево и Тополчани, 8 Штип и Крива Паланка, 5 Виница, 4 Прилеп, Битола и Берово, 10 Тополчани, 1 Демир Капија, Струмица и Претор.
Најмногу воден телог е наврнат во Лазарополе 26 литри, Пожаране 21, Тетово 20, Скопје- Зајчев Рид 9, Крушево 8, Крива Паланка 7, Охрид 6, Штип и Виница 5, Претор, Битола, Ѓуриште и Гевгелија 4, Прилеп и Демир Капија 3 и Берово и Струмица 2 литри.
Моментално само во Гевгелија врнежите се од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, на повисоките места повремено се засилува. Во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег, кои повремено ќе се интензивираат и ќе се формира снежна покривка до околу 20 цм. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп