-->
-->
Поевтинуваат бензините
-->

За денар ипол поевтинуваат бензините и Екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поевтинува за еден денар. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 76 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)ќе изнесува 68 ден/лит.
Малопродажната цена на Евродизелот ќе биде 68,50 ден/лит.
Се намалува и цената на мазутот за 0,931 ден/кг кој ќе се продава по цена од 36,660 ден/кг.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
-

Жените од руралните средини со мала вклученост во општествениот и социјалниот развој, нивниот глас не се слуша
-

Дел од македонските земјоделци се уште работат со механизација стара неколку децении
