Поетскиот караван на ДПМ во во Гостивар

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе настапува во Домот на културата во Гостивар. Ќе настапат 21 автор од различни генерации.
Љубителитена културата во Гостивар ќе имаат можност да се сретнат со поетите Глигор Стојковски, Раде Силјан, Ресул Шабани, Марина Мијаковска, Ефтим Клетников, Јусуф Едип, Веле Смилевски, Делвина Керлуку, Христо Петрески, Славица Дабевска Кировска, Адем Абдулаху, Љерка Тот Наумова, Александар Поповски, Паскал Гилевски, Филип Клетников, Шазим Мехмети, Мирјана Тренчева, Иван Чаповски, Љуљзим Хазири, Милош Линдро и Јован Дамјановски.
Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Радовиш, Свети Николе, Куманово, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе и општина Илинден, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
Поетскиот караван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
