Поетот Никола Маџиров ќе чита во книжарницата „Шекспир анд компани” во Париз

Никола Маџиров утре ќе чита во „Шекспир анд компани”, најпосетената книжарница во Париз, како дел од промоцијата на Антологијата на современата светска поезија „Центри на катаклизмата”, објавена годинава во Велика Британија.
Стиховите на Маџиров се вклучени во оваа антологија, објавена по повод 50 години од списанието „Модерн поетри ин транслејшн” основано од Тед Хјуз, а која веќе беше промовирана на „Кингс колеџ” во Лондон и „Квинс колеџ” во Оксфорд. Антологијата вклучува и стихови од Јехуда Амихај, Дарвиш, Брехт, Васко Попа и други автори.
Книжарницата „Шекспир анд компани” е основана во Париз во 1919 година и била главно париско собиралиште на Езра Паунд, Џемс Џојс, Хемингвеј и други автори. По затворањето за време на Втората светска војна, повторно е отворена во 1951 година и е посетувана од Ален Гинзберг, Бероуз, Ферлингети и други поети од бит-генерацијата, а станува глобално популарна по појавувањето во филмовите „Бифор сансет” на Ричард Линклатер и „Миднајт ин Париз” на Вуди Ален.
Во март годинава книжарницата „Шекспир анд компани” ја избра песната на Никола Маџиров „По нас”, на македонски и англиски јазик, како поетска порака за Светскиот ден на поезијата.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
