-->
-->
Поетесата Костадинова наградена на Меѓународниот поетски настан „Месопотамија 2019“
-->

Поетесата Габриела Костадинова освои специјална награда на Меѓународната поетска манифестација „Месопотамија 2019“ што се одржа во Белград. Учествувајки како специјален гостин на настанот, како што информира пехчевската поетеса, од страна на организаторот била наградена со медал „Месопотамија 2019“.
– На 24 август во Белград, Република Србија се одржа престижната Меѓународна поетска манифестација на која беше промовиран зборникот на поезија со творби на поети на поголем број земји од светот. Учествуваа поети од бивша Југославија, поети од Романија, Австрија, Канада, Франција, Австралија, Ирак, Сирија, Јордан, Египет и други земји. Меѓу нив како претставник на нашата држава учествував и јас, при што организаторот за учеството ми додели специјален медал за учество на „Месопотамија 2019“, информриа Костадинова.
Песната „Патник во ноќта“, како што дополни таа, ќе биде застапена во заедничкиот зборник во кој се содржани и песните на останатите автори учесници на настанот.
Освен оваа награда, претходно Костадинова како учесник на Меѓународните манифестации за литература, уметност и култура „Планетопија 2019“ во организација на Еуро Арт ја доби наградата за најдобар расказ и есеј за „Спомените болат“ и прва награда за поетската творба „Крикот на тишината“. Како дел од своето творештво, Костадинова ги има напишано делата „Црвената боја на љубовта“, како и новелата „Сага за Полина“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање
-

Николоски: Воведуваме уште две нови авиолинии кон Италија, од јули ќе се лета кон Алгеро Сардинија и Палермо
-

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците
-

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато
-

МБА: Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
