Подваријанта на омикрон станува доминантна во делови на Европа и Азија
Варијантата омикрон на вирусот SARS-CoV-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите веќе го достигна врвот во некои земји.
Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „близок роднина“ на омикрон варијантата позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.
„Во Данска, каде што е некако доминантна, изгледа дека е 1 и пол пати позаразна оваа подваријанта од оригиналниот омикрон, кој беше позаразен од делта“, рече д-р Дипак Сривастава, претседател на институтот Гладстон.
ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на БА.2 беа потврдени во округот Санта Клара минатата недела. Дали е полоша оваа подваријанта од омикрон или делта? д-р Сривастава објаснува: Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак претстои да го проучиме тоа“, рече д-р Сривастава.
Професорот Неван Кроган е директор на Институтот за квантитативни бионауки. Тој го анализираше BA.2 во споредба со оригиналниот сој омикрон: На многу начини тие се слични. Секој од нив има околу 50 мутации. Има 30 мутации кои се преклопуваат помеѓу овие два вируса, појасни професорот Кроган.
Ново на Сител
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
-

„Свои на своето!“ - Ден на македонската револуционерна борба
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта
-

Променливо облачно со повремен дожд
