Поднесено обвинение за силување против 37-годишен скопјанец
Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка поднесе обвинение за силување против 37-годишен скопјанец.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, на 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ја допира жената, а потоа станал и насилен кон неа затоа што го одбивала.
-Ја удирал со боксови и тупаници, па дури и со нога во лицето, предизвикувајќи и телесни повреди – подливи, нагмечување и скршеница на носните коски. Иако му кажала дека не сака да има ништо со него, на сила ја соблекол и ја принудил на полов однос. За цело време оштетената безуспешно се бранела и се обидувала да се оттргне, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Јавниот обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите