Поднесени 23 приговори до ДИК
До државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден поднесени се вкупно 23 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори 2021.
До Комисијата седум приговори поднела политичката партија ТМРО, кои се однесуваат на избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане.
Седум приговори се од Коалицијата предводена од СДСМ, кои се однесуваат на избирачките места 2966/1 и 2958/1 во општина Шуто Оризари, избирачкото место број 1612 во општина Конче, избирачките места 835, 874 и 865 во општина Кочани и избирачкото место 882 во општина Чешиново-Облешево,
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднела еден приговор, кој се однесува на избирачкото место број 1532 во општина Пробиштип,
Пет приговори се од политичката партија ДУИ, кои се однесуваат на избирачките места број 2341, 2352 и 2355 во општина Студеничани, и избирачките места број 2107 и 2108/1 во општина Желино.
Три приговори се од Група избирачи Енвер Пајазити, кои се однесуваат на избирачките места број 2037, 2040/1 и 2038 во општина Брвеница.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
