Поднесен обвинителен акт за тројното убиство во Дебар
По сеопфатна истражна постапка, Обвинителствотото обезбедило докази дека првообвинетата сторила кривично дело – убиство, додека другите двајца обвинети за помагање при извршување на истото кривично дело.
Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, на 26 август 2018 година, во семејната куќа во Дебар, обвинетата пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65мм најпрвин ги лишила од живот сопствените мајка и татко, а потоа и малолетната сестра. Другите двајца обвинети со умисла и помогнале во извршувањето и прикривањето на кривичното дело.
Еден ден пред извршувањето на кривичното дело, првообвинетата телефонски контактирала со второобвинетиот и се сретнала со него во Гостивар. Второобвинетиот изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на Градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.
По извршувањето на кривичното дело, обвинетата се упатила во Струга, каде се сретнала со второобвинетиот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар. Обвинетата со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Република Италија.
Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите лица.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани