Подметнат пожар на регионалниот пат Гевгелија-Негорци
Од гевгелиската противпожарна единица денеска соопштија дека во попладневните часови, вчера на регионалниот патен правец Гевгелија-Негорци, по пријава од случаен минувач, пожарникарите интервенирале во гаснење на подметнат пожар.
На левата коловозна лента од патот, непознат сторител, го подметнал пожарот со палење бала од сено која по пристигнувањето на противпожарното возило брзо била изгасната и било спречено проширување на огнот на блиската околина.
-Во моментот на интервенцијата многу ни помогнаа поволните временските услови кои спречија пожарот да се прошири на дрвјата покрај патот, така што за кратко време успеавме да го изгаснеме огнот, велат пожарникарите.
Општината апелираше до граѓаните да се воздржат од вакви бесмислици на подметнување пожари, бидејќи можат да предизвикаат многу поголеми штети и да загрозат човечки животи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест