-->
-->
Подгорица во солзи: Потврдено е дека малиот Огнен е мртов, се удавил во река
-->

Во просториите на Клиничкиот ценар на Црна Гора во Подгорица, утрово е извршено препознавање на безживотното тело кое вчера било пронајдено. Родителите потврдиле дека се работи за Огнен Ракочевиќ (11), соопштено е од полицијата во Подгорица.
- Утрово исто така по наредба на јавниот обвинител во Високото јавно обвинителство во Подгорица, е извршена обдукција на телото. Според информациите кои ги имаме, обдукцијата покажала дека причина за смртта е давење, телото нема траги на насилство, и дека телото во вода било од 10 до 4 дена што одговара со времето на исчезнување на Огнен - се наведува во соопштението.

Ловочуварот Никола Уличевиќ изјавил вчера дека се работи за телото на исчезнатиот Огнен. Тој го пронашол телото вчера околу 18:30 на Морача.
Повеќе извори од полицијата потврдиле дека се работи за Огнен кој исчезнал пред 12 дена.
Огнен исчезнал од својот дом во Подгорица, а по него со денови трагале граѓаин, полиција, војска...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотека Пулс
-

Во употреба пуштени реконструираните операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Регулаторна попладнево ќе ги објави новите цени на горивата
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
