Поддршка од ЕК за бегалците во Турција
Европскиот комесар за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, ги посети бегалците, главно од Сирија, кои се наоѓаат во турските кампови во Газиантеп, во екот на тензиите помеѓу ЕУ и Турција.
Европската Унија во Турција дава финансиска помош за 1,7 милиони бегалци во Турција и финансира образовни програми кои им овозможуваат на 600 илјади деца да одат редовно во училиште, информира денеска Европската Комисија.
-Европската Унија го исполни своето ветување да им помогне на бегалците во Турција. Слушнав од прва рака од бегалците колку им се важни ЕУ програмите не само затоа што им овозможуваат да ги задоволат своите основни потреби, но и затоа што им даваат надеж еден ден да ги пратат своите деца на училиште. Ги уверив дека не се сами, ЕУ е силно посветена и ќе продолжи да дава поддршка за бегалците во Турција, изјави комесарот Ленарчич.
Европските фондови за бегалците во Турција одат и за други цели како здравствени услуги, психолошка помош, правни консултации и помош со документи.
Тензиите помеѓу Турција и ЕУ ескалираат овие денови, откако Ердоган оцени дека не може повеќе да ги задржи сите три милиони бегалци на турска територија, и покрај склучениот договор со ЕУ. Овој договор предвидува Турција да ги задржи мигрантите надвор од ЕУ во замена за финансиска помош.
Ново на Сител
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија
-
Пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Свети Наум